krvodaritelli

Kрводарителска акција во ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 25. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат акциите на охридскиот Црвен крст за собирање на драгоцената течност.

– Во четврток, на 27-ми септември, во периодот од 08:30 до 12:00 часот ќе се реализира крводарителска акција со ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“. Акцијата ќе се одржи во просториите на трансфузионата медицина, информираат од Црвен крст од Охрид.

Неодамна се одржа успешна крводарителска акција во соработка со охридските „Тамаро“ маркети, на која крв даруваа вработените во компанијата, но и бројни граѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива