grupabroz

Охридската група „Броз“ го промовираше видео записот за песната „Каде ми си ти“ (Видео)

Охрид, 28. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридската група „Броз“ го промовираше видео записот за песната „Каде ми си ти“.

Истиот е дело на Кристијан Љушев од Охрид и е реализиран во соработка со Ансамбл „Билјана“.

Бендот „Броз“ постои повеќе од една година, а членови во овој состав се Владимир Сарафилоски, Климент Наневски, Александар Трифуноски и Христијан Томевски.
– Свириме македонска евергрин музика, забавна и нај познатите екс-ју хитови, со кратки зборови свириме сѐ што е добро, велат од бендот и изразуваат голема благодарност до сите спонзори и пријатели без кои немаше да се реализира ова дело. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива