benzin

Нови цени на бензините и дизелот од полноќ

Скопје/Охрид, 1. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ нови повисоки цени на бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Според одлуката на Регулаторна комисија за енергетика нафтените деривати ќе поскапат за еден денар.

Од полноќ, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 75 денари, додека Еуродизел (Д-Е V) ќе се точи за 67 денари.

Нова повисока цена има и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се точи за 55,50 денари.

Се зголемува и цената на мазутот М-1 НС за 1,399 денари и новата цена ќе изнесува 35,750 денари за килограм. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива