debrcarabotilnica1

Општина Дебрца воведе бесплатна ужинка за секој ученик

Белчишта, 2. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви октомври општина Дебрца воведе бесплатна ужинка за секој ученик.

Според првиот човек на општината, градоначалникот Зоран Ногачески, заложбите на општината се да се обезбеди квалитетно образование за сите ученици во општина Дебрца.
– За таа цел, ја подобруваме образовната инфраструктура и применуваме повеќе мерки за мотиварање на учениците да постигнуваат подобри резултати во воспитно-образовниот процес. Од вчера, први октомври воведовме ужинка за секој ученик во основното училиште. Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година. Средствата за ужинката, во износ од 1.200.000 денари се обезбедени во буџетот на општина Дебрца. Со оваа мерка сакаме малку да го растеретиме семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцираме социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците. Продолжуваме и со другите мерки: бесплатна екскурзија, финансиска поддршка за талентираните ученици, награда за првенец и ученици на генерација, поддршка за училиштните спортови, вели Ногачески. (Крај)

извор: Општина Дебрца фото: архива