makedonijaizbori

Кривична за жител на Мислешево, се обидел да стави повеќе ливчиња во гласачката кутија

Струга, 2. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалитички работи – Струга поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.М. од село Мислешево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување на изборен матерјал“.

– На 30-ти септември оваа година во село Мислешево, на избирачкото место број 1863/1, пријавениот го ставил гласачкото ливче во џеб, а потоа се обидел да стави две други ливчиња во гласачка кутија, но не успеал, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива