borcicrvenavoda2

Денес ќе се одбележат 75 години од издавањето на Манифестот на НОВ во Црвена Вода

Охрид, 3. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, денес ќе организира прослава во селото Црвена Вода по повод 75 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година.

Активностите по повод манифестацијата се со почеток во 11:00 часот во Црвена Вода. Ќе има полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор и посета на спомен Домот на ГШ на НОВ и ПОМ. Пред присутните ќе се обратат и претседателот на Сојузот на борците на Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески, како и градоначалникот на општината Зоран Ногачески.

Ќе следи и културно-уметничка програма и настап на хорот на учениците од ОУ „Дебрца”. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива