francuski senat

Фрaнцускиот Парламент ќе гласа закон за сценарио за Брегзит без договор меѓу Велика Британија и ЕУ

Париз, 3. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Француската Влада на почетокот од ноември во Сенатот ќе поднесе предлог – закон кој предвидува мерки при ситуација на Брегзит без постигнат договор меѓу Велика Британија и ЕУ.

Предлог-законот денеска на владина седница ќе го презентира министерот за европски прашања, Натали Лоазо. Со него на Владата и се овозможува да усвојува директиви за решавање на проблемите што ќе ги предизвика Брегзит во француско-британските односи.

Текстот ќе биде поднесен во Сенатот на 5-ти ноември и во Националното собрание во декември.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива