stipendii_slika_640x360

Општината објави конкурси за ученички и студентски стипендии

Охрид, 5. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид  и оваа година објавува Конкурси  за доделување ученички и студентски стипендии.

Може да се пријават ученици од основните и средни училишта на подрачјето на општина Охрид за учебната 2018/19 година и редовни студенти од општина Охрид запишани на додипломски студии на државните универзитети во Р. Македонија и на државни универзитети во странство за академската 2018/19 година.

Краен рок за доставување на потребните документи е 31-ви октомври, а конкурсите во целост се објавени тука.

KОНКУРС за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2018/2019 годинa

КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти  од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2018/2019 година

извор: Општина Охрид фото: архива