plaosnik

Литургии по повод празникот „Собор на сите македонски светители“

Охрид, 5. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православни верници за распоредот на литургиите по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ и Архиепископскиот црковно-народен собор.

Утре во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, со почеток во 17:15 часот ќе се служи молебен канон на Св. Климент Охридски, од 18:15 часот во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи свечена духовна
академија.

Во недела, на 7-ми октомври 2018 година, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид (едноцрквие). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива