Стружанец дел од криминална група што продавала артефакти

Скопје, 6. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведе акција за сузбивање на група лица, сторители на кривични дела против културното наследство и природните реткости.

Акцијата е изведена во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организирана криминал и корупција за сузбивање на организирана повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости.

No automatic alt text available.

Image may contain: food

– Криминалистичката истрага се спроведуваше една година од страна на ОСОСК – Единицата за сериозен криминал, при Секторот за криминалистички истраги, а вчера се извршени претреси на вкупно 16 локации, при што од слобода се лишени 13 лица и од нив привремено се одземени голем број на артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, тефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми и слично, сооопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

Поднесена е кривична пријава против вкупно 14 лица: Р.П. (46) од село Лисиче, Велес, А.Б. (70) од Струмица, И.Д. (51) од струшкото село Делогожда, Ж.Р. (65) од Скопје, В.М. (60) од Скопје, К.А. (49) од Тетово, Д.М. (37) од селото Раклиш, Радовиш, С.А. (28) од селото Ињево, Радовиш, Ј.М. (72) од Струмица, З.Ј. (66) од Битола, А.Б. (74) од Струмица, О.Р. (57) од Скопје, Т.Ј. (47) од Велес и Б.Д. (45) од Велес, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 ст.1, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.265, „изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.266 и „прикривање“ по чл.261 ст.3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

No automatic alt text available.

No automatic alt text available.

No automatic alt text available.

– Пријавените Р.П. (46), А.Б. (70) и Ж.Р. (65) во текот на 2017 и 2018 година, со цел стекнување на противправна имотна корист и присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавени лица. Пријавените организатори и членови на злосторничко здружување, во наведениот период со умисла и континуирано нуделе на продажба поединечно или групно повеќе предмети пронајдени претходно или во тек на посочениот период, договарале и вршеле истражувања на различни локации. Ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност (монети, скапоцени и полускапоцени камења) на повеќе археолошки локалитети на повеќе локации низ државата (Струмица, Велес) ги продавале на заинтересирани лица од странство (Албанија, Турција и Грција), а продажбата ја вршеле на непосредни средби. Купопродажбата освен на територија на Македонија, ја вршеле и во Грција, соопшти Ангеловски.

No automatic alt text available.

No automatic alt text available.

No automatic alt text available.

По лишувањето од слобода И.Д., Ј.М., Б.Д., В.М., А.Б., Р.П., Ж.Р., и А.Б. се задржани во полициска станица до нивно изведување пред Судија на претходна постапка, а О.Р., Т.Ј., К.А., З.Ј. и Д.М: по извршен службен разговор се пуштени. (Крај)

извор: МВР фото: МВР