filmnagradastip

Филмот на Сергеј Андрески од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид меѓу 5-те најдобри детски филмови на „Креф 2018“

Охрид, 7. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Филмот на ученикот Сергеј Андрески од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид, под менторство  на наставничката Виолета Петковска е избран меѓу 5-те најдобри детски филмови на возраст до 10 години на Меѓународниот филмски фестивал „Креф 2018“.

Младиот Сергеј ја доби наградата во категоријата „Млад модел учител – Ученик во улога на наставник“.

Фестивалот кој е акредитиран од страна на Министерството за образование и Министерството за култура на Република Србија, се одржа на 28-ми и 29-ти септември 2018 во мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

– „Креф“ е фестивал на кој се прави избор на најдобри детски филмови, на учители, наставници, и стручни соработници како и на родителите. Целта е активно вклучување на учениците во наставниот процеси развој на мултимедијалниот дискурс во воспитно образовниот процес, истакна еден од авторите, Весела Богдановиќ.

Финалист и презентер на првата вечер на годинешното издание на „Креф“ беше и Richard Spenser од „Middlesbrough College Billingham UK“, еден од најдобрите светски едукатори со многу награди и признанија, омилен помеѓу студентите ширум светот, затоа што  меѓу низа негови иновативни техники користи и креативност и игри за време на своите часови по биологија и хемија.

– Тој одржа оригиналнa презентација на тема „Креативност во пренесување на знаење“ во кои ги прикажа своите искуства од часовите на мултимедијален пристап со музика и танц во совладување на некои наставни содржини. Професорот д-р Кирил Барбареев како директор на „Креф фестивалот“ се обрати истакнувајќи го значењето на филмот како средство за професионален развој и им честита на финалистите во сите категории поттикнувајќи ги и понатаму да бидат креативни и да прават уште многу едукативни филмови. Вториот ден продолжува со  прогласувањето на победниците од другите категории: едукативни филмови, детски игран филм и детски нагледен час. 60 ментори и ментори-асистенти и повеќе од 1.400 ученици во пет категории за деца од 6 до 18 години. Категориите за учество нудеа неколку различни форми за пренесување наставни содржини и цели, но имаа заедничка цел – да ја збогатат збирката на дигитални ресурси за поддршка на часови, за учење, размена на идеи и професионален развој на вработените во образованието, информираат од ОУ „Кочо Рацин“.

Фестивалот „Креф“ трета година го организираат Весела Богдановиќ и наставникот Зоран Илиќ од Србија. Се наоѓа на листата со акредитирани настани за професионален развој на вработените во образованието, одобрен и поддржан од страна на Министерството за образование и наука и технолошки развој на Србија и Министерството за култура на Србија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива