samarjanin-1-750x575

Средба со авторката Вера Самарјанин во охридската библиотека

Охрид, 8. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утре напладне во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со авторката Вера Самарјанин од Битола.

На средбата ќе бидат промовирани нејзините три најнови дела за деца и возрасни: „Поколенија“, „Со посвета“ и „На дланка“. Промотор ќе биде д-р Борис Ангелков, а водител Мирко Томовски, стихови ќе чита поетесата Марина Шокева.

Средбата со изведба на класични ноти на гитара ќе ја збогати младиот Немања Килибарда од Битола.
Во публиката меѓу другите ќе има и ученици од основните училишта од Велес и Охрид на кои авторката Самарјанин ќе им подари по едно нејзино дело. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива