Студенти од архитектонскиот факултет во посета на Охрид

Охрид, 8. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од шеесетина студенти од трета година на архитектонскиот факултет, деновиве престојуваат во Охрид, и ќе имаат практична работа во градот кој претставува предизвик за секој архитект.

Студентите денес беа во посета на Локалната самоуправа каде беа пречекани и поздравени од градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски. Во поздравното обраќање, градоначалникот, им посака пријатен престој во Охрид и успешна работа.

Архитектите во текот на денот ќе ја посетат зградата на историскиот архив, која е дело на професорот Георги Константиновски, кој исто така е дел од професорите кои се присутни во Охрид со студентите, а потоа сите заедно ќе ја посетат локацијата каде што секој од студентите индивидуално ќе треба да ја изработи својата проектна задача. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид