Членовите на здружението „Инклузија“ на средба со невладини од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка

Охрид, 8. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ од Охрид, викендов беа домаќини на претставници од невладини организации од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка.

Координативната средба се одржа како почетна активност во рамките на Erasmus plus проектот „3Е – It’s time to act“.

– Целта е насочена кон зајакнување, претприемништво и вработливост на младите луѓе, со помалку можности. Се предвидува реализација на повеќе настани на оваа тема, а главна активност ќе биде реализацијата на младинскиот камп кој ќе се одржи на почетокот на месец декември во Охрид и на кој учество ќе земат 40 млади и младински работници од погоре наведените земји. „Инклузија“ е носечка организација за Македонија, заедно со центарот за доживотно образование „Едуфонс“ од Нови Бечеј, Србија и волонтерската асоцијација „Грамигна“ од Беневенто, Италија. Како партнери се јавуваат и „Интерактива“ од Осијек, Хрватска, „Sytev“ – Словачка младина за патување, образование и волонтерство и „Inspira“ од Карвела, Португалија, информираат од „Инклузија“.

Додаваат дека проектот ќе финишира кон крајот на март наредната година и дека на средбата во Охрид биле потпишани меморандуми за соработка, во насока на креирање и спроведување квалитетни идеи и решенија за подобрување на квалитетот на живот на младиот човек во сите општини на делување на организациите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива