vmroohridlogo

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со оваа Власт уште долго ќе чека да биде држава со европски принципи

Охрид, 8. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ продолжува со лажниот триумфализам и се удира во гради потценувајќи ги охриѓани во речиси секоја сфера на општественото живеење, додека пак резултатите ја покажуваат вистинската слика, стои во контра-реакцијата на реакцијата на ОО на СДСМ во однос на денешната прес-конференција на д-р Кирил Пецаков.

– Дали самите се свесни за својата матрицата на делување во која се вградени лагите, манипулациите и националното предавство? Ако СДСМ сериозно се замисли за досега спроведените политики кои директно ги засегаат охриѓани, тогаш ќе сфати дека за секој чесен сограѓанин најважно е неговото човечко достоинство и националната гордост. Дали за СДСМ беше важно преку огромна сума на пари – обезличување на граѓаните? Факт е дека договорот со Грција не доби поддршка од охриѓани. Охриѓани не ги скршија, ниту уцените, ниту заканите, ниту јавувањата на директорите по институции, ниту правените списоци и малтретирања. СДСМ нели мисли дека за сето тоа ќе дојде време кога ќе одговараат за малтретирањето на народот? За ВМРО-ДПМНЕ секогаш членството во ЕУ и НАТО е стратешка цел, но со достоинство и гордост на народот преку зачувување на нашето уставно име и нашиот идентитет. Зошто СДСМ и Јован Стојаноски ги игнорираат проблемите на охриѓани и немаат никакви идеи за решавање на нивните реални потреби и проблеми? Згора на тоа и се правдате со немање волшебно стапче. Вашата неспособност сакавте да ја затскриете со продажбата на македонските национални интереси. Токму таа неспособност охриѓани ја препознаа со тоа што не можете да ги решите нивните проблеми, стои во дописот.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека охриѓани знаат дека кога СДСМ е на власт немаат сигурна безбедност, владеење на правото не постои, нема реформи во образованието, уништена е економијата, здравството се распаѓа, нема инфраструктурни проекти.

– Охрид само тоне. Одговорете си пред самите себе дали сте казнети во Охрид со губење на речиси 4.000 илјади гласови и тој тренд на опаѓање на поддршката продолжува? Ако охриѓани чекаат на палките од Зоран Заев, за да се стигне до ЕУ и НАТО тогаш навистина никогаш не ќе бидат пренесени преку езерото, а Македонија со оваа Власт уште долго ќе чека да биде држава со европски принципи. ВМРО-ДПМНЕ Ви порачува дека како локална власт, а не опозиција треба да сфатите дека со вашите политики најголеми губитници се граѓаните на општина Охрид. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде со народот, на страната на правдата и на Македонија, стои во дописот испратен до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива