knigi oktomvri

Нови наслови во охридската библиотека

Охрид, 10. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полиците во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се побогати со уште неколку наслови.

За љубителите на пишаниот збор на располагање им стојат: „Монахот што се плашеше од смртта” од Горан Василевски, „Рѓосани бисери” од Спасе Мазенковски, „Птиците од дворот” од Благоја Иванов, „Битка за Македонија” од Исмет Кочан, „Приказни од Алхамбра” од Вашингтон Ирвинг, „Што сакаш од мене, љубов?” од Мануел Ривас, „Македонската народна религија” од Танас Вражиновски, „Литература и егзил” од Блерина Старова – Златку, „Фредерик Шопен-поетот на музиката” од Даница Стојанова, „Син на сонцето” од Кнут Хамсун, „Единство на лицата” од Трајче Кацаров и „Култот на Свети Јован Крстител во духовната и народната традиција во Македонија” од  Лилјана Котевска-Плевнеш информираат од охридската библиотека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива