Daniel Taste Ohrid

Охридскиот бармен Даниел Новиќ ќе промовира нов коктел на Taste Ohrid

Охрид, 11. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот бармен Даниел Новиќ во рамките на Taste Ohrid гастрономската тура, што за првпат се организира во Охрид, ќе промовира нов авторски коктел.

Коктелот е наречен „Ohrid Sunset“ или „Охридско зајдисонце“, а промоцијата е утре од 17:00 часот во SU хотел.

Инаку, Новиќ е годинашниот победник на  Вигор бармен купот, што се одржа во Охрид, а пехарот го доби за неговиот авторски коктел „Руби Буби“. Во неговото гостување во емисијата „Диши длабоко“ на Супер радио тој рече дека во Охрид е релативно мала навиката за пиење на коктели.

Во рамки на „Ohrid Gastro Tour“, од 12-ти до 14-ти октомври, ќе се одржи обука на локалните готвачи за подготовка на нови типови на храна и збогатување на постоечките менија. Ќе гостуваат врвни светски готвачи, кои со охридски производи ќе направат нови специјалитети кои би станале дел од менијата на локалните угостители. Покрај тоа, предвидени се и две велосипедски тури низ националниот парк „Галичица“ и околу Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива