sjotimkatica

СЈО со 6 нови истраги – Бујар Османи избрал полоша понуда за санација на охридската Општа болница

Скопје/Охрид, 10. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – СЈО отвори истрага под името „Пациент“ по основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно-занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ државата. Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и еден поранешен министер за здравство.

– Во текот на 2010 година осомничените Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, во постапка за јавна набавка бр. 03/2010 за изведување на градежни и градежно-занаетчиски работи во ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда и повторно ја избрале понудата на понудувачот „ГБС Благоевград“ кој сѐ уште не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а со тоа не ги исполнувал ниту условите од тендерската документација, објавија од СЈО, од каде информираат дека се отворени 6 нови истраги.

Министерот за здравство Бујар Османи, го прифатил овој предлог и склучил договор со понудувачот „ГБС Благоевград“ на износ од 127.533.691 денари. (Крај)

извор: СЈО фото: архива