ohridseptemvri20187

11-ти октомври неработен за сите граѓани на Македонија

Охрид, 11. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), денешниот ден, 11-ти октомври 2018 година, Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија. (Крај)

извор: МТСП фото: ОхридПрес