Положено свежо цвеќе пред обележјата на великаните од НОБ

Охрид, 11. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни чествувањата, Охрид го одбележа 11-ти Октомври – Денот на народното востание.

Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски и останати претставници од јавниот и политички живот од градот, положија свежо цвеќе на Спомен обележјето од НОБ во Градскиот парк, во дворниот простор на Основен Суд – Охрид и Економското училиште „Св. Кирил и Методи“.

Цвеќе беше положено и на спомен обележјето кај Градските гробишта. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид