pavle mitreskikniga

Промовирана книгата „Трите универзитети на проф. д-р Павле Митрески“, подарок за неговиот 86-ти роденден

Охрид, 12. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Промовирана книгата „Трите универзитети на проф. д-р Павле Митрески“ на младата авторка Кристина Алексиеска.

Животниот и творечки пат на професорот Митрески е показател дека со истрајна и посветена работа, се доаѓа до исклучителни резултати, порача во своето обраќање градоначалникот Јован Стојаноски, кој изрази желба и други млади истражувачи да го следат неговиот пример.

Оваа книга е пионер во нашата средина, бидејќи многу ретко во македонската литература се појавуваат биографски книги посветени на значајни живи личности од различна профилација, истакна промоторот, професорот Славе Ѓорго Димоски.

pavle mitreski promocija

promocija kniga

– Авторката со ова дело прави паралела меѓу автороворото дело и неговиот животен пат, успеала да ги поврзе личното со творечкото, со што ќе добие комплетна слика и за авторот и за делото. Суштинското обележје на ова дело е да се  расветли животниот и творечки пат на проф. д-р Павле Митрески кој својот истражувачки век го потроши на расветлувањето на бројни страни на македонската историја, пред се од охридско-струшкиот крај.  Книгата авторката условно ја поделила на неколку дела. Првиот универзитет посветен е на детството на идниот доктор по историски науки. Вториот универзитет дава јасни насоки на идниот развој на Митрески. Третиот универзитет открива и творечка неуморна личност. Ова е едно ретко комплетно биографско дело, пример како да се напише биографија за еден интелектуалец, рече Ѓорго Димоски.

Книгата „Трите универзитети на проф. д-р Павле Митрески“ на Алексиеска е подарок за професорот, за неговиот 86-ти роденден. (Крај)

извор:ОхридПрес фото: ОхридПрес