dijabetes1

Едукативно предавање на тема „Дијабетот го засега секое семејство“

Охрид, 12. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на Неделата на борба против шеќерната болест, од 10-ти до 16-ти октомври, охридскиот Црвен крст организира едукативно предавање на тема „Дијабетот го засега секое семејство“.

Предавањето ќе се одржи во просториите на Црвен крст, во понеделник, 15-ти октомври, со почеток во 11:00 часот.

Предавач ќе биде д-р Кристина Стојаноска Алоска, која ќе ги разјасни сите отворени прашања, a посебно ќе се даде осврт на релацијата на дијабетот и оралното здравје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива