Забава

Новата верзија на видео играта за фудбалски совети од Мурињо достапна на IOS и Андроид

Скопје, 27. јануари 2015 – (ОХРИДПРЕС) – „Top Eleven Be a Football Manager” (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер), светски најпопуларната онлајн крос-платформа за спортски видео игри, денес ја лансираше верзијата 2015 која е достапна на IOS и Андроид.

Играта има 100 милиони регистрирани корисници од целиот свет, со 10 милиони активни месечни корисници.

Креирана од компанијата Nordeus новата верзија може паралелно да се игра на мобилните уреди и на веб, на насловната страна е менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, а играта им овозможува на играчите да го одберат својот фудбалски клуб, да контролираат сè, од тактиката на својот тим,  трансферите на клубот, па до финансиите и исполнетоста на стадионот.

Корисниците се регистрираат преку Фејсбук и ги предизвикуваат нивните пријатели или други играчи да се натпреваруваат во различни фудбалски шампионати, пријателски и куп натпревари, со можност се искачат на врвот во светот на менаџерите, зголемувајќи го сопственото искуство и статусот на нивниот клуб. Уште повеќе, менаџер на Челзи самиот ќе им даде на новите корисници инструкции и упатства во играта, ќе ги сподели своите совети и тактички знаења, за да им помогне на играчите да ги зголемат своите менаџерски искуства и да се искачат на врвот.

Фановите на „Top Eleven 2015” видео играта ќе ги пречекаат новите промени, со подобрувања на корисничкиот интерфејс, како и во графиката, во напредокот во самата игра, и во преговорите за трансфер.

Подобрените функции вклучуваат: нови анимации, 3D дизајн и подобрен кориснички интерфејс; натпреварот е како огледало на акцијата на теренот, давајќи на играта вистинска и жива атмосфера; преговарањето трансфер на играчите сега е потешко; редизајниран е делот во играта за помош, трофеј собата и многу поедноставни се менијата; многу побрза е обуката на играчите и нивната селекција; оптимизираната верзија за таблет корисници, овозможува подобра графика и 3D анимации.

Корисниците играјќи лесно може да се префрлат од нивниот smartphone на нивниот таблет, и да продолжат со истата игра како досега, без губење на напредокот – исто така може да се престане со игра на еден уред, а да се продолжи на друг.

Играта може бесплатно да се симне и е достапна на IOS и Андроид од денес.

Играта е креирано од компанијата Нордеус, наградувана компанија за развој на видео игри, која има свои претставништва во Лондон, Даблин, Сан Франциско, Скопје и Белград.

За повеќе информации корисниците можат да се информираат на www.topeleven.com. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука