Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарен концерт „Надеж за Јана“ во четврток во Liquid Cafe

Охрид, 1. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани продолжуваат со бројни акции и иницијативи за собирање средства за помош на својата сограѓанка Јана Арсовска.

– Во четврток, на 3-ти октомври, со почеток во 22:00 часот, во Liquid Cafe ќе се одржи хуманитарен концерт наречен „Надеж за Јана“. Ќе настапат Камелеон, Ѓоко Танески, The Backdoor Band и Sparkles. Влез/донацијата ќе биде 100 денари, порачуваат организаторите.

Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука