Избор Култура

Охридскиот театар ќе учествува на фестивалот „Денови на Нушиќ“ во Смедерево

Охрид, 16.април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Народниот театар од Охрид в сабота ќе гостува на фестивалот „Денови на Нушиќ” што се одржува во Смедерево, Република Србија, со претставата „Детектор за лаги“ во режија Ненад Витанов.

Годинава се одржуваат 32.-те по ред „Денови на Нушиќ”. Овој фестивал е основан во 1984 година во чест на Бранислав Нушиќ кој своето детство и младост ги поминал во Смедерево.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.(Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука