Избор Струга Хроника

ОБНОВЕНО: Жител на Велешта повреден со пиштол во спортска обложувалница во Струга

Струга, 16. април 2015 (ОХРИПРЕС) – Едно лице е повредено во нарушен јавен ред и мир со пукање од огнено оружје пиштол случено денес во спорскатата обложувалница „Спортлајф“ во Струга.

Како што соопштија од СВР Охрид, 53-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта се здобил со повреди во градниот кош по што е пренесен во Општата болница во Струга а потоа, поради сериозноста на повредите префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

– Настанот се случил денес во 12 часот и 40 минути пред тоалетот од спортската обложувалница која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Од засега непознати причини дошло до пукање во ходникот во близина на тоалетот. Тука забележан е повредениот А.Н., а веднаш до него и огнено оружје пиштол марка „Берета“ калибар 9 милиметри, информираат од СВР Охрид.

Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расветлување на сите аспекти на овој настан. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука