Избор Охрид Хроника
Охрид, 1. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево избувна помал пожар во приватна куќа во населбата виката Луковска маала што се наоѓа на патот кон охридското село Велгошти. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица во Охрид, сопствениците пријавиле пожар во куќата, но всушност била запалена само скарата која домаќините сами ја изгаснале. – Прочитај повеќе
Избор Охрид
Охрид, 1.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – По повод големиот христијански празник „Свети Наум Охридски-Чудотворец“, бродовите „Александрија“ утре ќе пловат до манастирскиот комплекс Свети Наум. Поаѓањето ќе биде од Градското пристаниште во 19 часот, а враќањето во 23 часот од пристаништето во Свети Наум. Цената на повратниот билет е 250 денари. Бродовите „Александрија“ во септември Прочитај повеќе
Избор Охрид
Охрид, 1.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поради дефект на водоводната линија Ф-300 мм денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „ Питу Гули“,„ 15- Корпус“,„ Кленоец“, „ Радојца Новичиќ“ и „ Живко Чинго“. Како што информираат од Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до 17 часот. Екипите на МЈП Проаква – РЕ […]Прочитај повеќе
Економија Избор Охрид
Охрид, 1. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од денес почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до […]Прочитај повеќе
Економија Избор Охрид
Охрид, 1. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес објавува повик за поднесување електронско барање за финансиска поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. Сите заинтересирани земјоделци од Охрид треба навремено Прочитај повеќе
Избор Охрид
Охрид, 1.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – На состанок што се одржа вчера со претставници од Секторот за внатрешни работи, претседатели на Урбани заедници, директори на основни училишта и детската градинка ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ се разговараше за проблемите со уништување на имотот во училиштата и градинките. Целта беше заеднички и координирано да се изнајдат решенија за […]Прочитај повеќе
Избор Охрид
Охрид, 1.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, денеска ќе биде промовиран официјалниот почеток на директниот лет до Базел. До оваа нова дестинација, авиопревозникот „Визер“ ќе оперира два пати неделно. Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ деновиве промовираше пет нови директни линии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ до Прочитај повеќе
Економија Избор Охрид
Охрид, 1. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Цената на електричната енергија за крајните корисници од денес се намалува за 0,33 проценти. Одлуката, ја соопшти вчера Регулаторната комисија за енергетика, која одржа подготвителна седница на која ги разгледа извештаите од енергетските компании. Претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров, на вчерашната прес-конференција Прочитај повеќе
Избор Охрид
Скопје/Охрид, 1. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од АМСМ информираа дека од денес ќе започне примена на времениот режим на сообраќај во летниот период од 1 јули до 1 септември на магистрален пат А2 делница, Скопје – Охрид – Скопје. На овој патен правец се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 7,5 […]Прочитај повеќе
Избор Охрид Хроника
Охрид, 30.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Осумдесет и едногодишна жена утрово настрада во сообраќајна незгода во Охрид. Несреќата се случила на булеварот „Туристичка“ во близина на основното музичко училиште „Методи Патчев“. Во моментот кога жената го преминувала булеварот на пешакиот премин, во неа удрил автомобил марка „Фиат“ со охридски регистарски таблици. Повредената е Прочитај повеќе