април 13, 2021

Скопје, 13. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На денешната седница на Влада ќе биде поднесена предлог измена на Законот за здравствена заштита со цел да се ограничи висината на наплата на финансиски средства за време на кризниот период и вонредната состојба.
Измените на Законот за здравствена заштита се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства. – Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари, напиша министерот за здравсто Венко Филипче.

(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука