февруари 12, 2021

Охрид, 12. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот планински премин Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука