Охрид, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.
Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица.
Во целосен прекин е сообраќајот на патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку патни правци и натаму има забрана за движење за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
– Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.
– крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
– Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)
извор: АМСМ фото: ОхридПрес