февруари 14, 2021

Охрид, 14. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од 13:30 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга-ГП Ќафасан. Од 13:00 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот превој Пресека. Од 10:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен-Охрид преку планинскиот премин Буково.

Од 13-ти февруари 2021 година, останува на сила одлуката за движење на тешки товарни возила на делниците:

– Од 08:30 часот на патниот правец Тетово-Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

– Од 19:30 часот поради врнежи од снег и снежни наноси на коловозот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар-Струга и обратно.

– Од 18:50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

– Од 18:30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

– Од 18:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп-Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка-ГП Деве Баир.

– Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.

– Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово-Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

– На патниот правец Тетово-Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат, додаваат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2021 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука