мај 5, 2021

Скопје/Охрид, 5. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Цената на автопатот Охрид-Кичево се зголеми за околу 200 милиони, а вкупната цена е заклучена во 2018 и изнесува 598 милиони евра, изјави во интервју за Тв21 министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски.

– Се работи за обрушување на косини кои при проектирањето се проектирани со помалку или недоволно геомеханички испитувања. При тоа се покажува дека тој терен и тие косини се нестабилни при изградбата. Во овој период се изврши репроектирање на 25% од целата делница Кичево-Охрид, што значи дека косините се ублажија таму каде што е потребно, се испроектираа клучките. Имаме готов нов проект, обновен со ревизија кој што бара дополнителни средства за да конечно целиот проект биде реализиран, истакна министерот Бочварски.

Тој напомена дека овој автопат е дел од Коридорот 8 и започнал да се гради од 2013-2014 година, но при самата изградба се појавиле голем број на проблеми. (Крај)

извор: Тв21 фото/видео: Тв21

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука