Скопје/Охрид, 11. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Случајот со одобрението за градба на хотел на локацијата на урнатиот ресторан „Парк“ на охридскиот брег, и по речиси дваесет дена откако Владата ги задолжи надлежните институции да извршат вонреден инспекциски надзор, сè уште е без епилог.
Додека од општина Охрид го посочија Министерството за транспорт како „надлежно“, од Владата велат дека од Општината се чека дополнителна документација?! И додека топката се префрла меѓу директно повиканите во случајов, реализирано е само барањето од Владата да се превенираат градежните работи на теренот, јави весникот Вечер.
– Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја разгледа целата документација што и беше дадена на увид од Општина Охрид, а во однос на постапката за издавање одобрение за градење за предметната локација. Извештајот од Комисијата беше разгледуван на последната седница на Влада и побарано е од општина Охрид да достави дополнителна документација во однос на постапката што ја спровела при издавањето на одобрението за градење. Штом општина Охрид ќе ја приложи дополнителната документација ќе информираме за целокупниот наод, одговорија за весникот од Владата.
Инаку, по откривањето на случајот, токму ова одобрение за градба на локацијата на урнатиот ресторан „Парк“, за на негово место да се гради хотел на три ката и поткровје, ги крена на нозе надлежните институции кои добија задача од Владата да преземат активности за утврдување на законитоста на целата постапка.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: Вечер фото: Вечер