Скопје, 22. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Македонија нема мутација на коронавирусот како тој од Велика Британија и дека практично е истиот вирус кој беше присутен изминативе месеци, покажале анализите од лабораторијата во МАНУ.
Министерот за здравство Венко Филипче потенцира дека и покрај тоа и намалувањето на бројката на новодијагностицирани случаи, мерките и препораките остануваат на сила.
– Мислам дека се уште треба да бидеме внимателни иако паѓа бројот на новозаразени, во последните неколку денови како да се оддржува едно плато. И сега сме во ситуација кога повторно почнуваат училиштата да функционираат, така да сите мерки и препораки ќе останат и понатаму. Идната недела ќе правиме анализа на сите бројки од изминатите недели и врз основа на тоа ќе носиме други одлуки за други препораки ако има простор, истакна Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива