јануари 26, 2021

Охрид, 25. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Особено попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 5. степени.

– Утре ќе дува силен северен ветер и на места се уште ќе провејува снег. Во четврток ќе настапи преодна стабилизација, но ќе се задржи студено време. Во петок попладне претежно во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука