Охрид, 20. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 10. степени.
– Денес ќе има локални врнежи од дожд претежно во западните и крајните источни делови, на места поројни проследини со појава на грмежи. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, а услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Под влијание на нов влажен бран, во петок и сабота ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 19