Охрид, 24. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава. Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.
– Oд утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 14