јануари 9, 2021

Охрид, 9. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта кон недела со врнежи од дожд кои поради продор на постудена воздушна маса ќе има услови повремено да преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 9. степени.

– До вторник ќе се задржи облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и со пороен карактер, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени правецот во северен, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука