Охрид, 30. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 9. степени.
– Под влијание на нов влажен бран утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи претежно од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (локално над 20 л/м2 ). Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе се задржи до вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 10