Охрид, 9. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 11. степени.
– Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, особено во западните делови. Ќе дува засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северозападен. Значителна промена се очекува од петок, кога ќе продолжи да дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат. Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес