мај 8, 2021

Охрид, 8. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност претпладне. Попладне облачноста ќе се намалува.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– Во текот на следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Денес поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено и силен северен ветер (над 60 км/час) што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови. Во деновите потоа ветерот ќе биде од југоисточен правец и температурата ќе биде во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука