март 13, 2021

Охрид, 13. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 10. степени.

– Под влијание на влажен бран утре кон крајот на денот претежно на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места. Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука