февруари 12, 2021

Охрид, 12. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево и студено, во западните делови со мала до умерена облачност.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 4. степени.

– Следува период на многу студено време со умерен до засилен ветер од северен правец. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми, повеќе во западните делови. Температурите ќе се задржат негативни, а особено ниски ќе бидат утринските во почетокот на наредната седмица, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука