април 16, 2021

Охрид, 16. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти април 2021 година во 14:35 часот, во СВР Охрид пријавено е починато женско лице во куќа на улицата „Даме Груев“ во Охрид.

– Од извршениот увид, во присуство на јавен обвинител, медицински и полициски екипи, констатирано е дека се работи за 85-годишната Љ.Т. од Битола, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука