април 2, 2021

Струга, 2. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишниот Р.А. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед извршен на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници кај него пронашле и одзеле марихуана.

Ви друг случај, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 30-годишниот Б.П. од струшкото село Добовјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 9-ти август 2020 година во Струга, полициски службеници во интернет кафе извршиле контрола, при што бил извршен и преглед над пријавениот и кај него бил пронајден и одземен хашиш. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука