Охрид, 15. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина од месецов Охрид секојдневно е на листата градови со нови потвредени случаи на COVID-19.
Според податоците заклучно со вчера на дневна основа во просек бележиме по 23 новозаболени. Најмногу случаи за 24 часа, вкупно 38 се регистрирани на 3-ти март, што е и најголема бројка на нови позитивни случаи во еден ден од почетокот на годинава.
Моментално во градов активни се 464 случаи и е на четврто место на државно ниво, по Скопје, Прилеп и Кавадарци. Во болнички услови се лекуваат 55 пациенти, што е намалување споредено со претходната недела кога во болнички услови се лекуваа 64 лица.
Од друга страна и натаму се високи бројките на напишани казни поради неносење маски. Во последното деноноќие констатирани се прекршоци кај 24 лица од Охрид и 13 од Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива