февруари 4, 2021

Охрид, 4. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е реконструкција на Здравствениот дом во Охрид или познатата „Маларична“.

По реновирањето на покривната конструкција, сега преку проект на министерството за здравство се реконструираат ходниците кај матичните лекари, во службата за Брза помош, диспанзерот како и делот кај стоматолошките ординации. Реконструктивните зафатаи треба да завршат до 10-ти февруари, информира за Супер радио и OhridPress директорката на Здравствениот дом, Ајсел Зејноска.

– Поради влагата мораше претходно да се постават гипс плочи па потоа ѕидни и подни плочки и на крај абрит. Се реконструираат ходниците, со цел да им се овозможат достојни услови на пациентите додека чекаат за влез кај докторите. Требаше да се руши Маларична ама пандемијата ги стопира предвидените зафати, вели Зејноска.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

За годинава е планирано старите дрвени клупи во ходниците да се заменат со нови, пластични столчиња, а повтроно ќе биде поднесен и проектот за нова фасада на зградата која веќе долго време е во незавидна состојба, замена на вратите и прозорците и санација на санитарните чворови.

– Направивме проект според кој со сопствени средства на домот требаше да се промени ламперијата, да се направи фасада, санација на санитарните јазли, промена на врати и прозори, громобрани и снегобрани на покривот. За реновирање е опфатена и амбулантата во Пештани. Проектот го испративме до министерство и Влада, но беше одбиен поради состојбата со пандемијата. Но, истиот повторно ќе биде доставен со назнака за итност да се преземе нешто, рече Зејноска.

Инаку со години наназад имаше најави и ветувања за некакви активности поврзани со Здравствениот дом. Од реконструкција на маларичната, до нејзино рушење и изградба на нов објект во болничкиот комплекс, до изградба на современ ургентен центар на постоечката локација, но од тоа сé уште нема ништо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука