март 12, 2021

Охрид, 12. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Првиот човек на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски денеска е вопосета на ТИРЗ во Охрид и Кичево.

– Идните инвестициски планови на компаниите, најавените иницијативи и механизми на ДТИРЗ за развој на вештини кај вработените со цел стимулирање на растот на платите, нови работни места и нововодениот систем за Грижа за корисници – таканаречен „Систем на една влезна точка” ќе бидат во фокусот на разговорите со претставници на компаниите, Костал, ОДВ Електрик и Џојсон Сејфти Системс, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука