јануари 11, 2021

Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од среда нé очекува продор на студена воздушна маса, што ќе предизвика драстичен пад на температурите, максималните дневни ќе бидат само неколку степени над нулата.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, оосбено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови. Поради продор на студена воздушна маса од север во среда попладне и во четврток ќе има локални врнежи, кои речиси насекаде ќе бидат од снег. Во петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата, информираат од УХМР.

Сликата може да содржи: ‎текст кој вели „‎ден среда (13.01) четврток (14.01) време петок (15.01) сабота (16.01) ветер недела (17.01) мин.тем. (C) мак.тем. )Cم -2доз 3 -7доо до 11 9до 1 1до 1 до 8 -10 до 2 12 до 4до5 5 5до4 до до до 2‎“‎

Најстудено ќе биде в недела, со минимална температура од -12 до -4 степени. Максималната температура ќе се движи од -5 до 11 степени. В недела максималната температура ќе биде од -7 до 2 степени. (Крај)

извор: УХМР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука