Охрид, 9. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ротари клубот од Охрид вчера реализира донација за модуларната болница во Охрид, во знак на поддршка во заедничката борба со COVID-19, што трае веќе една година.
Согласно потребите, донирани се 45 гумирани подлоги за душек чаршафи, 100 постелнина чаршафи и 60 ќебиња.
Од Ротари клубот се надеваат дека ова ќе претставува поттик и за други организации, фирми и граѓани да се приклучат во борбата против COVID-19. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23